Родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904, сестра Андре посветила најголем дел од својот живот на црковната служба. Пред да стане калуѓерка, чувала деца во Втората светска војна, а потоа 28 години се грижела за сираци и стари лица во болница.
„Оваа моја нова титула е тажна чест. Мислам дека би ми било подобро во рајот, но Господ сè уште не ме сака“, кажа сестра Андре.
Таа живее во близина на Тулон и вели дека многу сака чоколадо и вино, па секој ден пие по една чаша. Оваа година роденденот ѝ го честиташе и Емануел Макрон, 18. француски претседател во нејзиниот живот. Во тој период се смениле и десетмина папи.
