Италијанката Виена Камарота (72) тргна пешки на патување долго 22.000 километри од Венеција до Пекинг. Таа ќе ја следи маршрутата на легендарниот трговец Марко Поло и неговиот Пат на свилата.
Камарота го почна своето патување од Венеција, родниот град на Поло, а за да стигне до крајната цел, таа треба да помине низ 15 држави. Според планот, патувањето во Пекинг треба да го заврши во декември 2025 година.
Таа ќе премине во Словенија, па ќе продолжи низ Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Грузија, Иран, Азербејџан, Туркменистан, Узбекистан, Киргистан, Казахстан, Монголија и ќе дојде до Кина. Освен ранец, носи и ГоПро камера за да го снима патувањето, и телефон во кој е инсталирана апликација преку која нејзиниот лекар ќе ѝ го следи здравјето.
„Со исклучок на дел од патот од Азербејџан до Туркменистан, цело време ќе одам пешки. Ќе има навистина предизвикувачки моменти, како студот во Монголија, но спремна сум“, кажа Камаротаза италијанските медиуми пред поаѓањето.