Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат ковид ограничувањата за лица кои пристигнуваат од други држави. Тоа го објави министерката за здравство на Бугарија, Асена Шербезова со наредба издадена денеска.
До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.
Вчера и грчката влада ги укина сите ограничувања за влез во нивната земја.