Основачот и извршен директор на Мета, Марк Цукерберг стана побогат за 11 милијарди долари и повторно влезе на листата на десетте најбогати луѓе во светот.
Ова се случило на 28 април кога вредноста на Мета, во чие сопствеништво се Фејсбук и Инстаграм, порасна за 17 отсто. Со тоа Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари.
На Волстрит очекуваа дека во првиот квартал годинава Мета ќе има најспор раст во последните неколку години, но инвеститорите беа многу задоволни откако забележаа зголемување на бројот на корисници, што е еден од клучните критериуми.
Поранешниот пад на вредноста на акциите влијаеше на вредноста на богатството на Цукерберг. По два месеци повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот – неговото богатство вреди 65 милијарди долари.
Најголемиот конкурент на Фејсбук е ТикТок, а предизвик му се и промените во сигурносните политики на Епл, како и блокадата на Фејсбук и на Инстаграм во Русија, пренесе Си-ен-ен.