Според пролетниот сеидбен план во битолскиот дел на Пелагонија, годинава сончоглед ќе има околу 7.000 илјади хектари. Земјоделците ќе добијат од државата околу 100 евра по хектар субвенции. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека за 20 проценти се зголемени површините оваа пролет, а државната помош треба да ги стимулира земјоделците сончогледот повторно да се врати на нивите.
Државата го стимулира производството на сончоглед откако производителите на масло за јадење се соочија со недостиг на суровини, што посебно е изразено во последните години. Сега земјоделците имаат уверување дека ќе им биде откупен целиот род.
Во изминатите неколку години сончогледот во Македонија е застапен со производство од околу 6000 тони годишно, што е доволно за околу 10 проценти од потребите, за разлика од пред дваесетина години, кога според Државна статистика на македонските ниви се произведуваше по 22 тони сончоглед.
извор: bankometar.mk