Штрајкот на вработените од Управата за водење на матичните книги продолжува. За денеска е најавен протест кој ќе се одржи од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани неколку улици.
Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавач, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ додека не се исполнат барањата на вработените.
За време на штрајот вработените се на работното место, но ги примаат само граѓаните на кои им е потребен документ за итни ситуации.
извор: skopjeinfo.mk