Цели две години, еден осамен автомобил стои на новозеландскиот аеродром чекајќи ги своите сопственици да се вратат, а без никакво изненадување, сметките кои досега ги собрал се прилично големи.
Секако, лесно е да заборавите работи - клучеви, полнач, па во некој случај и автомобилот, иако ова последното се брои во доменот на специјални случаи или ретки ситуации, но сепак му се случило на еден сопственик на син "Сузики Свифт", кој очигледно сосема заборавен стоел на паркингот во текот на две години, пишува "Autoexlusive".
Сега, аеродромот Нов Плимут веќе не може да го трпи автомобилот на својот паркинг и неговиот извршен директор Дејвид Скот тргнал во конечна потрага по неговиот сопственик преку локалните медиуми. Судејќи по статијата која се појавила во "Taranaki Daily News", автомобилот не бил поместен од своето место и ќе биде пренесен на друго место во следните неколку недели доколку неговиот сопственик не го преземе. Управата на аеродромот го опишала целокупниот процес во кој на крајот успеале да го лоцираат сопственикот на овој модел и како што тврди директорот, целото истражување кое тие го извеле било прилично тешко.
„Всушност моравме да работиме на ова речиси цела година за на крајот да го изгубиме сопственикот. Не успеавме да го лоцираме лицето, делува како целосно да испарило од лицето на земјата. Луѓето се добредојдени да паркираат на нашиот убав паркинг, но овој стои тука предолго и станува прескап за неговите сопственици“.
Судејќи по мрежата "RNZ", сметката за паркирање на возилото надминала 9.000 долари.