Компанија од Лариса, Грција ќе гради фабрика во кумановската индустриска зона. Ќе се произведуваат бекатонски производи.
Фирма од Грција доби дозвола за градежна парцела во индустриската зона Новине и Речица во Куманово. Компанијата од Лариса планира да произведува бетонски производи, конструкции за градба на куќи, хали, мостови, елементи во делот на железничкиот сообраќај.Се очекува отворање на најмалку 80 работни места.
Индустриската зона Новине и Речица се наоѓа на автопатот Е 75, кон границата со Република Србија. Се простира на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели). Засега функционираат неколку компании.