ДВЕ КАФИЊА И ЧАЈ- 12 ЕВРА! Сметката од црногорското приморје предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

ДВЕ КАФИЊА И ЧАЈ- 12 ЕВРА! Сметката од црногорското приморје предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

09. 05. 2022.

На нашите простори веќе некое време на социјалните мрежи се „шират“ сметки од кафулиња и ресторани, бидејќи луѓето често се чудат кога треба да платат - особено ако се работи за пијалок.

Имено, на ФБ страницата на Подгорица Time Machine неодамна се појави фотографија од сметка на која јасно се гледаат цените на капучиното и чајот: кафето чини 3,5 евра, а се нарачани две кафиња, тоа е 7 евра; чајот Tea Selection е 4 евра, или 246 денари- преведено во нашата валута.

Наплатена е и услугата - 1 евро и 10 центи, така што вкупната сума на сметката е 12 евра и 10 центи, односно само пијалоците се 11 евра - или речиси 680 денари.

Секако, по оваа објава дојде до полемика, а еден од коментарите беше: „Сè има, сè може; каква инфлација, навистина не ја гледам таа инфлација“, што беше алузија на описот на објавата „Нè уништи инфлацијата“, пишува Бизнис Телеграф.

„За среќа, ДДВ-то на чајот е само 7%, а не 21% како на кафето. Претпоставувам дека тоа е основната животна намирница“, е друг коментар.