До крајот на месецов операторите имаат рок да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука за евентуално зголемување на цената на струјата.
Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.
-Операторите барањата треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија ќе заседава. На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Заштита од високи цени на струјата е зголемување на домашното производство. Тоа го видовме на почетокот од енергетската криза – Босна и Бугарија вишокот на струја го продадоа по многу високи цени и добро заработија, вели Бислимоски.
Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.