Софија Тил ја прослави својата 20-годишнина на работа и доби великодушно изненадување од работодавaчите - 20.000 долари!
Софија Тил 20 години работи во стоматолошка ординација а неодамна беше изненадена со 1.000 долари за секоја година што работела во ординацијата.
Изненадувањето ја остави Софија во целосен шок. „Помислив: „Во ред, ми остана уште еден месец до 20 години. Знам дека нема да добијам отказ“, рече таа.
Софија работи во „Risinger & Nelson Orthodontic Specialists“ откако била практикант во мај 2002-та година. „Ова е совршена позиција“, рече Софија. „Децата ставаат протези за да ја сакаат својата насмевка, за да стекнат поголема самодоверба. Тие обично се многу среќни на крајот. Значи, ова е забавна работа“.
Др. Нелсон и Др. Рајзинџер толку многу ја ценат Софи што решија да направат нешто посебно за неа за нејзината 20-годишнина. Тие рекоа дека Софија е голема причина зошто нивните клиенти се чувствуваат удобно кога доаѓаат во ординацијата.
„Софија е одличен пример за некој кој само носи радост и среќа во ординацијата секој ден“, рече др. Нелсон.
„Софија не е само вработена, туку семеен пријател и многу вредна личност каква што треба да има секој покрај себе“, рече др. Рајзингер. „Таа виде како оваа мала ординација дојде до ова што е денес и е една од причините зошто сме успешни.“
извор: zenskimagazin.mk