Љубителите на овој бренд се воодушевени што ќе добијат можност во живо да го видат едно од најексклузивните изданија што излегле од нивната фабрика.
Но, покрај Rolls на овој саем не очекуваат голем број новитети, некои од нив ќе бидат многу попристапни и достапни за сите кои се подготвени да купат нов автомобил.
Саемот ќе трае до 2 април, а ќе бидат претставени 34 марки на автомобили од 30 земји. Покрај ултра луксузниот Rolls, ќе имаме можност, во живо да ги видиме и најлуксузните модели на брендовите Jaguar, Mercedes и BMW.
Воедно, љубителите на автомобилите ќе имаат можност да ги видат сите новитети од оваа сфера, каде ќе им бидат понудени нови модели, делови и опрема.
На саемот ќе бидат претставени и електрични возила кои стануваат сè попопуларни ширум светот, но сигурни сме дека Rolls Royce Ghost Black Edition заедно со Mercedes Maybach ќе привлече најголемо внимание.
Организаторите велат дека очекуваат околу 140.000 посетители на саемот.