
Комитетот за сообраќај на австрискиот парламент усвои амандман на Законот за сообраќај, со кој се предвидуваат повисоки казни за возачите кои не го почитуваат ограничувањето на брзината, а се овозможува забрзување на процесот на одземање на регистарски таблички и клучевите од автомобилот.
Предвидена е минимална казна од 300 евра за илегално „преработените“ автомобили кои може да се наплатат на лице место.
Провинциите Виена, Корушка и Салцбург веќе најавија дека ќе формираат специјални единици за борба против илегалните трки.
Таканаречената „родранер“ и „тјунинг“ сцена во Австрија значително пораснала во последните години. Групите се многу активни и добро вмрежени.
Организираат диви трки во градските средини, а со тоа го загрозуваат населението, посочуваат од полицијата.