Плати над 50 илјади денари, дури и да конкурирате без работно искуство.
Во мноштвото огласи кои излегуваат за вработување во државниот сектор, во кои платите не се нешто особено високи и се движат дури и под минималната, па едвај до некои 35 илјади денари, деновиве се појавија и такви во кои оние што ќе конкурираат за работните места, ќе носат навистина примамливи примања, пишува Фактор.
Вчера излезе оглас за вработување на Советник за аеродромски услуги во Одделението за аеродромски услуги, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација. Неговата плата ќе изнесува 56.320 денари, стои во огласот. Огласот е Овде
Онака како што е наведено во јавниот повик, тој не треба да исполнува ништо посебно услови, односно треба да има ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Сообраќај и транспорт, односно воздушен сообраќај, како и најмалку три години работно искуство во струката. Од посебни работни компетенции, пак, треба да поседува активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и да има активно познавање на англискиот јазик.
Пред само неколку дена, пак, бил распишан уште еден оглас за примање на кадар во Агенцијата за цивилно воздухопловство, и тоа помлад сорабтник за аеродромски услуги, во Одделението за аеродромски услуги, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација.Овде е ОГЛАСОТ
Неговата месечна плата ќе биде само малку пониска од претходната, но сепак ќе биде прилично солидна и атрактивна, односно ќе изнесува 52.440 денари.
Ниту овој кадар не треба да исполнува некои посебни услови, односно исто како и неговиот претходник, треба да има високо образование од областа сообраќај и транспорт, односно воздушен сообраќај.
А, она што е интересно овде од навадените критериуми, овој човек чија стартна плата ќе биде над 52 илјади денари, не мора воопшто да има работно искуство во струката. Односно, во огласот како еден од условите е наведено „со или без работно искуство во струката“.
извор: faktor.mk