Утре е Свети Архангел Гаврил, во народот познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.
Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.
Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. За овој светец врзани с емногубројни обичаи. Девојките не треба да земаат рачна работа во раце, да шијат или плетат. Но во народот останало верувањето дека ова е најдобар ден за нов почеток.
На Свети Архангел Гаврил добро е да му се молат жените кои скаат да родат, бидејќи се верува дека тој носи благи и убави вести. Ссе верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека треба да се отпочне каква било доброволна работа. Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.
vecer.mk