Плата 56.320- Работа во Агенција за цивилно воздухопловство

Плата 56.320- Работа во Агенција за цивилно воздухопловство

18.5.2022

Огласот е активен до 31 мај

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 135/2022

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за цивилно воздухопловство за следните работни места

1. АЦВ0101В01028 Советник за аеродромски услуги, Одделение за аеродромски услуги, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација(1) извршител(и)

Општи услови

  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место,
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Сообраќај и транспорт (воздушен сообраќај)
  • - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

   Општи работни компетенции

  • - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - стратешка свест
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • - финансиско управување

   Посебни работни компетенции

  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - активно познавање на англиски јазик

Распоред на работно време

  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 07:30 до 15:30
  • -   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 56.320,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. се : Македонец(ка) 

Овде Алицирајте