ПроКредит Банка е дел од групацијата банки ПроКредит, која работи во единаесет земји во Југоисточна и Источна Европа како “Hausbank” за мали и средни претпријатија како и за приватни клиенти. Во Германија таргетираме средни компании кои имаат деловни односи со овие пазари. Соработуваме со локалните банки на ПроКредит со цел да го подобриме обезбедувањето долгорочни заеми за одржливи претприемачки инвестиции во Југоисточна и Источна Европа. Преку нашата работа настојуваме да дадеме активен придонес за еколошки и социјално одржлив економски развој во регионот.
Со цел да ги зајакнеме нашите капацитети во одделот Back Office Treasury, ПроКредит Банка има активен оглас за вработување на кандидати за потребите на седиштето во Скопје.
Детални информации за позицијата како и аплицирање на истата, може да погледнете на ЛИНКОТ.
Вашите задачи и одговорности:
- Проверка и потврдување на трансакции со девизни и пазари на пари според различни правила и процеси и MaRisk;
- Работење со интрагрупни заеми;
- Известување според стандардите на ЕУ;
- Пресметување, известување и плаќање на колатерал (вклучувајќи камата);
- Соработка на проекти и задачи за оптимизација на процесите;
Профилот на кандидати кој го бараме е следниот:
- Квалификации за банкарски службеник или диплома на универзитетско ниво по економија или финансии;
- Компетентно користење на ИТ апликации и MS Office, особено Microsoft Excel;
- Интерес за активностите и развојот на BackOffice во оваа област;
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и способност за добро тимска работа;
- Одличен писмен и говорен англиски јазик;
- Познавањето на германски јазик е пожелно, но не е задолжително;
Дополнителни квалитети кои ги бараме:
- Флексибилни сте и отворени за дискусија;
- Сакате да работите како дел од тим и да комуницирате јасно и отворено;
- Подготвени сте повремено да патувате во Германија;
Бенефициите кои ги нудиме се следните:
- Средина со одлична можност за развој;
- Обука на работното место како и комунакција со тимот во Франкфурт/Германија;
- Отворена и јасна комуникација;
Доколку одговарате на горенаведените квалификации, на оваа функција ќе имате можност да стекнете сеопфатен увид во трезорските трансакции на една банка.
Дали го поттикнавме вашиот интерес? Ако е така, со нетрпение очекуваме да го добиеме вашето писмо за апликација, вклучувајќи детална изјава во која се објаснува вашата мотивација за аплицирање за огласената позиција.
Ве молиме доставете ги вашите документи преку е-пошта на mkd.Job@procredit-group.com
Рок за аплицирање: 31.05.2022.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и поканети на интервју.