Човечките ресурси се еден од главните приоритети на „Алкалоид“ АД Скопје, а компанијата континуирано инвестира и им посветува големо внимание на безбедноста и здравјето при работа за секој еден од над 2.600-те свои вработени.
Преку доследно почитување и преку строго придржување до применетиот систем за безбедност и здравје при работа (БЗР), ИСО 45001, компанијата ја осигурува добросостојбата на сите работни места.
Признание за добрите практики е неодамнешната главна награда насловена „Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени“, доделена на „Алкалоид“ во рамките на конференцијата во организација на македонското Министертство за труд и социјална политика, националниот Совет за безбедност и здравје при работа и на Меѓународната организација на трудот, која традиционално се одржува по повод 28 април – Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа.