Ова е одлична можност за студентите да ги работат своите магистерски и дипломски тези со поддршка од оваа компанија како и можност за практикантска работа но и редовно вработување- велат од НЕЛТ СТ
НЕЛТ СТ потпиша Меморандум за соработка со Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со што ја продолжуват традицијата на соработка.
Од НЕЛТ СТ велат:
- Идејата е да дадеме шанса на најдобрите студенти, да ги интегрираме во нашиот бизнис и најдобри работни практики/процеси. Наши професионалци би биле гости предавачи на покана на Економскиот факултет, од друга страна ние би биле домаќини на работилници каде студентите би работеле на case studies во доменот на нашето работење. Би дале можности заинтересираните, потенцијални студенти да отпочнат со практикантска работа при крајот на нивните студии, да ги работат своите дипломски и магистерски тези со наша поддршка, која секако ќе ни отвори можност за редовни вработувања во НЕЛТ СТ.