Хрватска има 1.244 острови, карпи и гребени, а населени се 66. Малите се главно во сопственост на државата, повеќе од 80 отсто, а остатокот е во приватна сопственост.
Еден од нив е во Сплитско-Далматинската жупанија, поточно во гратчето Винишче. Се вика Мали Космач, а површина од 5 илјади квадратни метри е во приватна сопственост на домородците од Винишче. Цената на овој остров моментално е 700 илјади евра, но од агенцијата ни велат дека цената би можела да се зголеми и до еден милион евра, пишува Н1.
Овој остров е на продажба од 2016 година и се уште го нема најдено својот сопственик. Сопственичката на агенцијата за недвижности Јасминка Билисков ни вели дека имало многу заинтересирани и странски и домашни граѓани. Кога ќе сфатат дека просторниот план не дозволува градба и кога ќе се запознаат со прописите за просторно планирање, многу брзо се откажуваат.
Сплитско-далматинската област вели дека таков остров е погоден само за земјоделство. Заменик градоначалникот Стипе Чогеља повторува дека секаква градба на него е невозможна, но и недозволива според сегашниот просторен план.