Зад приказната на V-Nuts стои Викторија (26 години) и нејзината сестра Бојана (17 години). Викторија има завршено на Универзитетот Шефилд во Солун. По завршувањето на нејзините студии запловува во светот на финансиите и моментално работи во приватна компанија на позиција финансиско известување. Премногу ја сака и е многу посветена на нејзината примарна професија, но длабоко во неа има голема страст кон храната и реши преку овој начин да го исполни својот сон. Додека нејзината сестра Бојана која е ученик во средното училиште Орце Николов во Скопје, е голем уживател и ентузијаст за здрава исхрана. Овие две длабоки желби се споија и израсна идејата за VNuts производ кој припаѓа под категоријата на здрава исхрана.
Ова е на кратко приказната за путерите од јатки полни со љубов а ние направиме интервју со Викторија и Бојана за нивните почетоци и планови..
Како одлучивте да ја почнете приказната и колку време се "крчкаше"?
Долго време бевме по потрага по совршениот вкус на автентичен путер од јаткасти плодови и после долг период анализирање и изучување на целиот процес ја создадовме совршената формула за домашен путер кој содржи ништо друго, освен самите јаткасти плодови. Како што кажавме идејата се роди од нас, но ова стана реалност благодарение на нашите родители кои имаат големо искуство во прехрамбената индустрија, голем број технолози кои ни помогнаа да го усовршиме процесот, блиски пријатели кои што секојдневно се вклучени во целиот процес на продажба и организација. Благодарноста до нив е огромна.
Велат дека до сега се задоволни од тоа како се развива целата приказна. Дури многу подобро од што очекувале за сега производите им с едостапни за нарачи онлајн или телефонски.
- Нашите производи можат да се нарачаат на нашата инстаграм страница и нашата facebook страница V-Nuts. Исто така располагаме и со мал call центар, така што може да не побараат на телефонскиот број 070/367-600 каде што би биле повеќе од задоволни да одговориме на сите прашања. Доставата ја вршиме преку брза пошта насекаде низ Македонија до вратата на нашите купувачи во рок од 3 до 4 работни дена. До сега сме добиле само позитивен фидбек од нашите купувачи, иако секогаш сме отворени кон критики и пофалби се со цел да ги усовршиме и да ги задоволиме потребите на нашите купувачи.
Ги прашавме и какви им се плановите за во иднина и дали се плашат од конкуренција?
- Плановите за блиска иднина се имплементација на многу нови производи кои што дел од нив ќе бидат од палетата на путерите од јатки како и други многу нови изненадувања се со цел да го поттикнеме здравиот начин на исхрана кај луѓето што сметаме дека е многу важен со денешниот стил на живот. Конкуренцијата ја гледаме како мотивација за што повеќе да ги усовршиме нашите производи, но пред се сметаме дека треба сите да се поддржуваме и да стоиме заедно кога е во прашање здравиот начин на живот, велат Виктоија и Бојана.
“Здраво, вистинско и вкусно” е мотото што не води низ оваа приказна - Велат Билјана и Бојана и додаваат дека ништо не ги зближува луѓето како вкусна и здрава храна. Тие велат дека во иднина ќе се насочат кон производи кои што се препорачуваат да бидат конзумирани како имуно бустери.
Од каде набавувате сировини (јатки), како оди производниот процес, што се имате во понудата и каде може да ве најдат?
Мораме да признаеме дека процесот за набавка на сировина ни претставуваше најголем предизвик, затоа што свежата и квалитетна јатка е клучот на вкусниот путер. Но, после долго испробување и потрага, најдовме македонски партнери од кои што ги набавуваме нашите јатки. Производствениот процес почнува од набавка на јатките и сетирање на нашите машини. Секоја јатка поминува низ машина каде што се селектираат здравите јатки и се пропуштаат во процесот на производство, додека тие што се искршени и оштетени се исфрлаат.
Јатките продолжуваат низ процесот на печење, каде што бавно се печат на ниска температура. Печењето на јатката всушност го дава целиот нејзин вкус и се елиминира нејзината влажност. Потоа јатките се бланшираат, се вади нивната лушпа и се спремни за мелење. Мелењето на јатките е процес кој што се прави на машини од гранитни камења на многу висока температура за да се претвори целата јатка во путер.
Нашиот путер спаѓа во категоријата на доста течен путер без никакви остатоци од јатката, благодарение на квалитетните машините кои што ги имаме. Моментално нашата палета на производи ги вклучува путерите од: бадем, лешник, кикирики, индиски орев, семки од кајсија и тахини. Путерите од бадем, лешник, кикирики и индиски орев може да ги најдете во течна (smooth) верзија и кранчи верзија, односно со додадени парчиња јатки.
А како да се препознае квалитетниот путер?
- Квалитетниот путер се препознава по свежиот вкус, неговата структура односно течност и општо познато е дека со стоење самиот путер го испушта своето масло на површината од теглото, но кога ќе се промеша и маслото се упие во путерот и не избие одма на површина тогаш можеме да кажеме дека путерот е квалитетен и нема никакви адитиви во него.
На крајот ги замоливме за порака до сите оние кои се двоумат да почнат свој бизнис..
- Веруваме дека секој што почнува сопствен бизнис сака преку него да ги исполни своите најголеми скирени желби и да пренесе некаква порака на светот. Стравот доаѓа од помислата дека нема да успееме. Најдете една работа во која што сте сигурни дека ја извршувате добро и наоѓате сигурност во неа, нека биде вашата поттик и сила за да се втурнете во нешто ново и непознато. Кога сте успеале да бидете успешни на едно поле без разлика дали е некоја професија, родителство, тогаш ќе успеете и во друго поле и работа. Со многу труд, едукација, љубов и позитивна мисла и невозможното е возможно. Секогаш да се потсетуваме на мислите на наш писател - Никој нерече дека ќе биде лесно. За да го создадеме чудото што го посакуваме мора да запловиме кон местото каде што живеат нашите соништа.
Нека биде Чудо и нека биде “Здраво, вистинско и вкусно” –тимот на Vrabotuvanje. Com им посакува успех и реализирање на сите замислени идеи!