Грчката влада подготвува итен план за заштеда и исклучување на електричната енергија.
Вонредните прекини на струја во работните денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови стоки.
Изворите наведуваат дека во „екстремното сценарио“ среде туристичката сезона, ќе се активира планот на наизменично ротирање на прекини на електрична енергија во интервали во текот на работните денови.
Целта не е да се прекине електричната енергија за домаќинствата, бизнисите на нисконапонската мрежа или хотелите и критичната јавна инфраструктура, како што се болниците.
Грчката влада размислува и за враќање на далечинското работење за да заштеди енергија во компаниите, како и препораки за намалување на употребата на автомобили за патен транспорт.
Покрај тоа, грчката влада презема мерки кои вклучуваат превентивно заштеда на електрична енергија со ограничување на употребата на клима уреди и осветлување, како и електрични уреди во јавните згради.
извор: biznisinfo.mk