Тифани Батлер од Тексас во изминатите две години заработила околу 80.000 долари продавајќи го ѓубрето кое го собирала од котејнерите. Батлер е мајка на четири деца, а собирањето на ѓубре вели дека го почнала како хоби.
Кога почнала да заработува и станала целодневна работа. Сопругот кој е електричар ѝ помага така што ги поправа уредите кои таа ќе ги најде. Тифани вели дека откако ќе ги собере работите од контејнерите, потоа дома или во нејзиниот магацин ги распоредува.
Тифани рече дека 75% од работите кои ќе ги најде, успеала да ги продаде. Меѓу работите кои ќе ги најде има и скапоцени витлери за коса, преку аквариуми, до шмики и грицкалки.
Тифани има места за кои вели дека секогаш ги посетува, како на пример контејнерите во близина на големите продавници, маркетите и работилниците во кои се продаваат електрични уреди или облека.
„Продавниците фрлаат многу облека, но понекогаш ја сечат и станува неупотреблива. Кога станува збор за храната, земам само спакувана“, рече Тифани, која додаде дека секогаш носела чизми и ракавици кога оди во потрага по фрлените работи.
Една од работите кои ѝ останале во сеќавање е лентата за трчање. Тифани рече дека не ѝ било срам кога ќе ја видат како пребарува по ѓубрето, а откри и дека неодамна нашла неколку ќесички неотворени грицки, суплементи и храна во тегли, кои сè уште не им истекол рокот.
Таа нашла и зучници кои чинат речиси 200 долари, но и бројни уреди за обликување на косата. Нејзините клипови кои ги објавува на „Тик ток“, се многу популарни, а Тифани има над 2,5 милиони обожаватели кои ја следат нејзината работа.
Некои од нив се шокирани од тоа што луѓето фрлаат толку скапи работи, а некои коментираат дека и тие почнале да пребаруваат низ контејнерите. За нив Тифани има совет да бидат внимателни затоа што многу лесно можат да се навлечат во оваа работа.