Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерениот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-845/1 од 20.08.2021 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 04-700/1 од 23.05.2022 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:
За вработување на даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа V во ЈСП СКОПЈЕ за следните работни места:
1. КДР0305Б04104 Помлад возач на автобус, Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Автокоманда- (25) извршители.
Општи улови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации: стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.
Други посебни услови:
- Возачки испит Д категорија.
- Потребно работно искуство:
- Со или без работно искуство
Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:
Во Оддел за јавен превоз за возачите на автобус работното време се организира во три, односно четири смени, двосменски и двократно со следниот почеток и завршеток на работното време.
- прва смена од 04,30 до 11,00 часот;
- втора смена од 11,00 до 17,00 часот,
- трета смена од 17,00 до 24,00 часот.
Должината на дневното работно време може да изнесува 5,40; 06,00; 06,30; 07,00 или 08,00 часа што е во директна зависност од возниот ред на соодветната линија.
Неделното работно време зависи од возниот ред на секоја линија.
Заради природата на работниот процес во Одделението за сообраќај која се извршува согласно транспортната задача од основачот на претпријатието и регистрираниот возен ред, работното време се организира на принцип на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно, како и работа во празник.
Двосменската работа на возачите се врши во:
- прва смена 05,00 до 11,30 часот,
- втора смена од 11,30 до 18,00 часот.
Двократната работа се врши во следните термини:
- од 05,00 до 09,30 часот;
- од 13,00 до 16,30 часот.
На определени линии во рамките на мрежата на линии кои ги одржува претпријатието се организира четврта смена со почеток на работното време од 22,00 до 05,00 часот, односно од 23,45 до 06,00 часот, во зависност од линијата.
Користењето на пауза во Одделот за превоз зависи од возниот ред на секоја линија.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.002,00 денари.
2. КДР0305Б04104 Помлад возач на автобус, Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Ѓорче Петров- (25) извршители.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Стручни квалификации: стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.
Други посебни услови:
- Возачки испит Д категорија.
- Потребно работно искуство
- Со или без работно искуство
Во Оддел за јавен превоз за возачите на автобус работното време се организира во три, односно четири смени, двосменски и двократно со следниот почеток и завршеток на работното време:
- во три смени:
- прва смена од 04,30 до 11,00 часот;
- втора смена од 11,00 до 17,00 часот,
- трета смена од 17,00 до 24,00 часот.
Должината на дневното работно време може да изнесува 5,40; 06,00; 06,30; 07,00 или 08,00 часа што е во директна зависност од возниот ред на соодветната линија.
Неделното работно време зависи од возниот ред на секоја линија.
Заради природата на работниот процес во Одделението за сообраќај која се извршува согласно транспортната задача од основачот на претпријатието и регистрираниот возен ред, работното време се организира на принцип на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно, како и работа во празник.
Двосменската работа на возачите се врши во:
- прва смена 05,00 до 11,30 часот,
- втора смена од 11,30 до 18,00 часот.
Двократната работа се врши во следните термини:
- од 05,00 до 09,30 часот;
- од 13,00 до 16,30 часот.
- На определени линии во рамките на мрежата на линии кои ги одржува претпријатието се организира четврта смена со почеток на работното време од 22,00 до 05,00 часот, односно од 23,45 до 06,00 часот, во зависност од линијата.
Користењето на пауза во Одделот за превоз зависи од возниот ред на секоја линија.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.002,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 година се: Македонец(ка) 34, Албанец(ка) 10, Турчин(ка) 1, Ром(ка) 3, Бошњак(ка) 1, Други 1
Рок за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 15 дена од денот на објавување на огласот на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.
Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул. Александар Македонски бр. 10 Скопје, контакт телефон 3109 - 175 – Одделение за управување со човечки ресурси.
Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:
- Уверение за државјанство (копија),
- Диплома за завршено образование (заверена на нотар),
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Фотокопија од возачка дозвола Д категорија (заверена на нотар).
Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од три фази и тоа:
Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата,
Фаза 2 – Интервју,
Фаза 3 – Тестирање и практична проверка на способностите на кандидатите.