Според новата одлука, при премин на границата повеќе нема да бара потврда за вакцинација, прележаност или негативен тест
Германското Министерство за здравство најави дека има намера од 1 јуни да ги олесни правилата за влез во земјата воведени поради ковид-19, објавија германските медиуми.
„Ќе го суспендираме правилото ‘3Г’ за влез до крајот на август“, рече министерот за здравство Карл Лаутербах, според извештаите на медиумите.
Според новата одлука, при премин на границата повеќе нема да бара потврда за вакцинација, прележаност или негативен тест.
Новите правила ќе треба да бидат одобрени денеска од владата, која треба да ги одобри и сите вакцини против коронавирус одобрени од Светската здравствена организација, дури и ако тие не се одобрени во Европската Унија.
Бројот на случаи на коронавирус во Германија опаѓа. Институтот „Роберт Кох“ во вторникот регистрира 64 437 нови случаи, што е за 21 815 помалку од пред една недела.