Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево до крајот на викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци,
како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме.
Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава.
Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд
(за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град.
Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.