На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.
Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање.
АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.
Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352.