Силен дожд проследен со ветар и грмотевици, а некаде и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час.
Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на нивната Фејсбук страница, превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – се уште постои.
Денеска уште од претпладневните часови има нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко, известија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Покрај силен и голем град што паднал во Лозово, во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.
Од ЦУК посочуваат дека регионалниот центар за управувањесо кризи РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници.
Нестабилната облачна маса ги зафати и западните делови од Скопската Котлина, каде што, исто така, имаше пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Валентина Кецман, директорка на аеродромот во Бања Лука, изјави дека аеродромот многу сериозно преговара со Wizz Air за отворање бази во Бања Лука, што би значело значително повеќе летови и линии, пишува Zamaero.
Просечната цена на земјоделските производи во Европската унија е намалена за два отсто во однос на 2023 година, додека просечната цена на инпутите (стоки и услуги кои се користат во земјоделството) падна за шест отсто, покажува анализата на Европскиот статистички институт (Евростат).
Идејата да се направи јавниот превоз бесплатен за секого звучи фантастично, меѓутоа се поставува прашањето дали тоа ќе доведе до негова поголема употреба, односно поголем број на патници.
Претставниците на шпанската влада и двата најмоќни синдикати во земјата потпишаа договор во саботата за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платата, а министерката за труд Јоланда Дијаз по тој повод рече дека потегот „ќе се проучува на универзитетите“ низ целиот свет“.
Како што германската економија продолжува да тапка во место, сè помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека се повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo, пренесува германската новинска агенција (dpa).