Годинава нема да се делат субвенции за вградување на плински уреди во автомобилите поради скратениот буџет на Министерството за економија.
Претходните години министерството објавуваше јавен повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата и редовно имаше голем интерес со што предвреме се исцрпуваа средствата.
Беа прифаќани околу 600 барања за субвенции за граѓаните за вградување плински уред во возилата, а буџетото беше околу 200.000 евра.
Граѓаните кои вградуваа ваков вид на уреди во своите возила можеа да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.
извор: faktor.mk