Во Бугарија е усвоен нацрт - национален план за воведување на еврото од 1 јануари во 2024 година, соопштии Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија. Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок.
Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс меѓу еврото и левот. И по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање.
Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на ЕУ.
Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.