Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Mаксималната дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.