Околу 4.200 ученици во државата, на 1 јуни за прв пат ќе полагаат државни тестови, кои се дел од државното тестирање кое го спроведуваат образовните власти. Процесот го организира и реализира Државниот испитен центар (ДИЦ). Годинава, државен тест ќе полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега да полагаат третоодделенците, в година – петтоодделенците, а потоа деветтоодделенците.
Во тестот по мајчин јазик ќе бидат вградени и прашања од медиумска писменост. Учениците ќе полагаат и математика на 2 јуни. Ќе има задачи со кои ќе се види какви се нивните практични знаења од предметот.
Тестовите ќе ги прегледуваат наставници од основни училишта, а потоа уште еднаш ќе се прегледуваат и во ДИЦ. Планирано е до крајот на календарската година да заврши прегледувањето на тестовите.
извор: meta.mk