Замислете да можете цела година да патувате по светот и притоа да добивате пари за тоа. World Life Experience, организација со седиште во Лисабон, го нуди токму тоа.
Оваа организација бара 11 луѓе кои во текот на целата 2019 година ќе патуваат по светот. Притоа, тие ќе откриваат нови работи и ќе се запознаваат со многу локални луѓе и организации.
Во целата приказна важен е фактот дека сите трошоци се покриени, а за патувањето ќе бидете платени.
Единствено нешто што ви е потребно е слободно време и да пополните пријава до 20 јули оваа година.
Идејата не е нова, бидејќи веќе оваа година првото „издание“ од ова чудесно патување почна во јануари. Единаесет среќници моментално патуваат, а во текот на своето патешествие ќе поминат три континенти и многубројни држави.
Единаесет лица кои ќе добијат прилика да патуваат следната година ќе посетат пет континенти, додека во секој град кој ќе го посетат ќе поминат две недели, од кои еден дел ќе поминат во работа, дел во учење, а дел во забава.
Платата која ќе ја примаат „вработените“ ќе изнесува 2.500 евра.
Услов за пријава е патниците да не се помлади од 21 година, а да не се постари од 39.
Исто така, мораат да бидат одговорни, толерантни, комуникативни, проактивни, флексибилни, да разбираат и зборуваат англиски и покрај целото тоа, да се подготвени за групна работа.