
Пред претстојниот ребаланс на Буџетот, Владата најави нов пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон стопанството.
Владата денеска преку кратко соопштение најави дека следува нов сет антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и „последните препораки на меѓународните финансиски институции“.
Во соопштението се наведува дека со повеќе сеопфатни мерки обезбеди заштита за граѓаните од поскапувањата предизвикани од глобалната економска и енергетска криза.