Бензините поевтинуваат за 35 центи, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период кога Германците најмногу патуваат.
Малку посветло утро осамна во Германија вчера, фигуративно кажано, се разбира. Имено, властите се откажаа од голем дел од данокот на енергија, што резултираше со значително намалување на цените на горивата.
Така, во Германија сега бензинот чини во просек 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар. Тоа сепак не е малку, но Германците имаат повисоки плати, па некако ќе преживеат.
Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивни државјани отишле во Германија да набават гориво и наводно ги наполниле резервоарите на возилата, но го транспортираат и со канистри. Поради тоа тие стануваат опасност во сообраќајот, односно во случај на судир се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.