Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и посочуваат дека моментално ова е најголемиот проблем. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила.
Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.
Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал, вели Момироски.
Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени.
Целиот текст е на rabotnik.com.mk