Необичен подвиг во Индија, кој официјално е заслуга на Националната управа за автопати на Индија (National Highway Authority of India)
Имено, растојанието од околу 75 километри кое ги дели градовите Амравати и Акола, во рамките на индиската провинција Махараштра, луѓето успеале да се поврзат по автопат за само 105 часа и 33 минути, што е помалку од пет дена. Веста прв ја сподели локалниот министер за транспорт Нитин Гадкари кој ја објави на социјалната мрежа Твитер.
Иако во веста што ја објавија индиските медиуми се наведува дека се работи за автопат, пишува и дека делницата има само по една сообраќајна лента во секој правец.
Делот од патот го изгради приватна компанија наречена Rajput Infracon. Изградбата на автопатот што ги поврзуваше градовите Амравати и Акола започна во саботата 3 јуниво шест часот по локално време.
Локалните медиуми наведуваат дека во работата биле ангажирани околу 800 вработени, од кои 700 на терен, пишува AutoRepublika.