
Едно семејство од Њујорк на распродажба купило чинија за околу 3 долари (околу 150 денари) која навистина им се допаднала. Не верувале дека вредноста на таа чинија е непроценлива, па неколку години таа ја користеле како украс во домот.
После неколку години се потврдило дека тоа им е најдобра инвестиција на сите времиња.
Во еден момент, се заинтересирале за чинијата и за нејзиното минато. Тие откриле дека всушност станува збор за чинија стара илјадници години и дека има историска вреднсот. Потекнувала од династијата Сонг и е типичен пример на кинеска керамичка уметност.
Ваквите садови се познати како „Динг садови“ и се многу ретки примероци, па затоа колекционерите плаќаат огромни суми на пари за да ги поседуваат.
ekonomski.mk