Управата за јавни приходи го најави проектот “Повеќе пари кај граѓаните“ како следна даночна реформа на која што УЈП работи и планира да ја спроведе во следниот период.
Новиот проект подразбира граѓаните да добиваат 15% поврат од платениот ДДВ за сите производи со исклучок на данокот остварен при купување на луксузни производи.
– Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот “Повеќе пари кај граѓаните”, кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спортските клубови – изјави првиот човек на УЈП, Соња Лукаревска.