Инфлацијата во Грција во март беше 8,9 отсто, во април 10,2 отсто, а во мај 11,3 проценти.
Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, најголемо зголемување на цените има кај природниот гас за 172,7 отсто, електричната енергија е за 80,2 проценти повисока, нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто, а зголемување на цените има и кај прехранбените продукти.
Во месец мај, споредбено со месец април годинава, има зголемување на цените на речиси сите производи, со исклучок на струјата (намалување за 4,6 отсто), а најголемо е зголемувањето на цената на природниот гас за 28,6 отсто, на бензинот за 7,3 отсто, на лебот за 3,4 отсто итн.
Инфлацијата во Грција во март беше 8,9 отсто, во април 10,2 отсто, а во мај 11,3 проценти.