Многу наши туристи одамна избраа дестинации за летување оваа година, но сепак има и такви кои сé уште се двоумат.
Според посетители на Црна Гора, кои своето искуство го пренесуваат на социјалните мрежи, годинешните цени на сместување, храна, лежалки, чадори и се што е потребно на одмор покрај море имаат многу повисоки цени.
Цените несомнено скокнаа во сите туристички места, но оваа фотографија која се појави, ги шокираше туристите кои планираа ова лето да одмораат во Црна Гора.
Имено, на фотографијата е прикажан ценовникот од едно туристичко место во Црна Гора.
- Ценовник на лежалки, лежалки сет - 25 евра, дрвени лежалки сет 35 евра, гарнитури 30 евра комплет, кружни софи 40 евра, настрешници 80 евра, една лежалка без чадор 10 евра, покажува ценовникот од фотографијата.
Премногу скапо, коментира граѓаните и прашуваат дали цените се вакви низ цела Црна Гора ова лето?