Постојат два моделa на дигитални таблички - таблички на батерии и таблички поврзани со жица, која вклучува GPS.
Што е дигитална регистарска табличка? RPlate во суштина е регистарска табличка со HD екран и 4G конекција (како и GPS за жичниот модел) што вклучува голем број безбедносни и персонализирани функции. Возачите може да се префрлаат помеѓу темни и светли режими и да изберат персонализирани пораки што ќе се појавуваат на дното.
Табличките со GPS вклучуваат и телематски транспондери, така што можат да лоцираат изгубено или украдено возило и да испраќаат предупредувања до паметен телефон доколку откријат сомнително движење. Постои и придружна мобилна апликација која им овозможува на возачите да ја следат километражата и онлајн да ја обноват регистрацијата на возилото.
Reviver дигиталните таблички, исто така, вклучуваат неколку безбедносни карактеристики што за некои може да бидат претерани. На пример, постои режим на гео-оградување за членовите на семејството или вработените кои возат автомобил. Табличката во овој режим испраќа предупредувања доколку возачот ги напушти претходно внесените ограничувања за патување.
Дигиталните регистарски таблички не се евтини. За двата модела е потребна претплата (20 долари месечно за моделот на батерија и 25 долари месечно за моделот со жици) и чинат дополнителни 150 долари ако клиентот сака професионалец да ја инсталира табличката. Компанијата исто така работи на голем број нови функции, вклучително и интеграција со систем за патарини и паркирање.
Дека ова не е само идеја, покажува и фактот што овие дигитални таблички се одобрени за употреба во американските сојузни држави Калифорнија, Аризона и Мичиген.