Петок неработен ден за државните службеници на Шри Ланка како поттик да одгледуваат храна
Шри Ланка им дава на државните службеници уште еден слободен ден во неделата, со цел да ги поттикне да одгледуваат храна, во период кога земјата се соочува со недостиг. Земјата има околу еден милион вработени во јавниот сектор.
Шри Ланка, островот каде живеат околу 22 милиони луѓе, се соочува со најлошата економска криза во изминатите 70 години. Владата го одобри предлогот, работниците во јавниот сектор да го имаат петок за слободен ден, наредните три месеци.
извор: zelenaberza.com.mk