Во последните две пандемични години, огромен број канцелариски работници во Германија работат од дома, а понекогаш и од плажа.
Повеќето менаџери сигнализираат за флексибилност, но околу една третина се намуртени на трендот на (workation) кованица од англиски зборови (work / vacation) работа- одмор, односно пријавување на вработени за работа од море, планина и други дестинации.
Според истражувањето на YouGov за технолошката компанија Slack, 77 отсто од шефовите се подготвени да им дозволат на вработените да работат од далечина, под услов темелно да ја вршат својата работа.
Од друга страна, вработените се под притисок да ја задржат флексибилноста на која се навикнати. Речиси половина од испитаниците изјавиле дека сакаат можност да работат од (workation).