Сара Бредлов, позната како Madam C.J. Walker, беше африканско – американска претприемничка, филантроп, политички и социјален активист. Во годината кога почина, (1919) се сметала за најбогата жена.
Taa била прославена како првата жена милионер во САД, нејзиното богатство тогаш било проценето на 600.000 долари или денешни околу осум милиони.
Сара развила линија на козметика и нега на коса за Африканки, преку нејзината компанија Madam C.J. Walker Manufacturing Company.
Освен што била успешна во својот бизнис, таа била позната и како филантроп и активист. Организирала голем број финансиски донации за различна намена.
Во периодот меѓу 1911 и 1919 година, кога нејзината кариера го достигнува врвот, Сара вработува неколку илјади жени како продажни агенти за нејзините производи. До 1917 година, компанијата ангажирала повеќе од 20.000 жени.
извор: biznisinfo.mk