Сè повеќе седиме на биро од осум до десет часа на ден и зјапаме во екрани. Денес, мозокот врши најголем дел од работата, додека кревањето и носењето товар е препуштено на машините.
Но, сè уште има некои работни места кои ви овозможуваат добро да вежбате и да заштедите од членството во теретана. Има занимања во кои учествувате со целото тело и на тој начин согорувате калории.
Експертите за фитнес спроведоа истражување и открија кои занимања согоруваат најмногу калории и се одличен избор за секој кој сака да биде активен.
Пожарникари – 5.080 калории дневно (1.300.480 калории годишно)
Шумари – 4.900 калории дневно (1.239.700 калории годишно)
Домаќинки – 4.480 калории дневно (1.146.800 калории годишно)
Фитнес инструктори – 4.128 калории дневно (1.056.768 калории годишно)
Земјоделци – 3.808 калории дневно (963.424 калории годишно)
Собирачи на ѓубре – 2.840 калории дневно (727.040 калории годишно)
Градежни работници – 2.754 калории дневно (696.762 калории годишно)
Трговци на мало – 2.544 калории дневно (566.720 калории годишно)
Стјуардеси – 2.380 калории дневно (595.000 калории годишно)
Рибари – 2.240 калории дневно (566.720 калории годишно)
Водоводџии – 2.000 калории дневно (506.000 калории годишно)
Полицајци - 1.632 калории на ден (412.896 калории годишно)
Дадилки – 1.600 калории дневно (404.800 калории годишно)
Келнери – 1.400 калории дневно (350.000 калории годишно)
Физиотерапевти – 1.340 калории дневно (335.000 калории годишно)
Шетачи на кучиња – 1.272 калории дневно (325.632 калории годишно)
Добавувачи - 880 калории дневно (222.640 калории годишно)
Фризери - 840 калории дневно (212.520 калории годишно)
Канцелариски работници - 600 калории на ден (151.800 калории годишно).
извор: kajgana.com