Владата на Црна Гора го намали минималниот износ на потребните банкарски гаранции во процесот на стекнување на т.н. „eкономско“ државјанство.
Потребната сума е намалена од 2,5 милиони евра, што е 50 отсто од минималната инвестиција, на фиксен милион евра, соопшти Центарот за граѓанско образование (ЦГО).
„Наместо да се запре оваа контроверзна практика, дополнително се стимулираат контроверзните бизнисмени од целиот свет и на овој начин им ја олеснуваат процедурата за стекнување црногорско државјанство, отворено пркосејќи им на предупредувањата на Европската комисија“, наведуваат од ЦГО.
ЕК остро ги критикуваше сите претходни црногорски влади за спроведување на Програмата за економско државјанство.
извор: biznisinfo.mk