Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 128/2018
за вработување на 22 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен завод за статистика за следните работни места:
Помлад соработник за безбедност на информацискиот систем
Помлад соработник за статистички истражувања
Помлад соработник програмер за апликативен и информатички развој
Помлад соработник за плати и заработка на плати
Помлад соработник за маркетинг
Помлад соработник – лектор за англиски јазик
Помлад соработник за персонална евиденција
Помлад соработник за примерок
Помлад соработник за оценување, стручно оспособување и усовршување
Помлад соработник за буџетска координација
Помлад соработник за економски сметки во земјоделство и регистар на земјоделски стопанства
Помлад соработник за секторот на непрофитни институции кои им служат на домаќинствата и сектор домаќинства
Помлад соработник за индикатори за одржлив развој и здравствени сметки
Помлад соработник за класификации
Соработник за имплементација на програмски решенија
Соработник за имплементација на програмски решенија
Соработник за апликативен и информатички развој
Соработник-ВЕБ дизајнер
Соработник за миграции и статистички регистар на население
Соработник за јавни набавки
Соработник за анкета за потрошувачка во домаќинства и други истражувања за животен стандард
Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавување на огласот.