На тендерот на ЕВН пристигнала само една понуда од АД ЕСМ, која изнесува 48 евра за мегаватчас и е за 17 проценти повисока од претходната.
„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер“, информираат од ЕВН Македонија.
Барање за поскапување на цената на струјата до Регулаторна доставија МЕПСО, кои побараа поскапување на тарифата за пренос за 68 отсто како и Електродистрибуција која побара поскаупвање од 80 отсто. Регулаторите кои денеска имаа подготвителна седница ќе треба да одлучат кои и колку од трошоиците ќе ги признаат а тоа ќе влезе во пресметката по која ќе се модулира новата цена на струјата која ќе стапи на сила од 1 јули а со сигурност ќе биде повисока од постоечката.
Ова ќе биде второ поскапување на цената на струјата која ќе се испорачува од ЕСМ кон ЕВН Хоум откако во јануари ЕСМ понуди за 13,6% повисока цена, од тогашните 36 евра за мегават и во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро што резултираше со поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија за домаќинствата.