Највисоката просечна пензија изнесува 23 590 денари и таа е воената пензија, додека пак најниска просечна пензија ја имаат корисниците на земјоделската пензија и изнесува 8,484 денари.
Висината на просечната старосна пензија изнесува 17,639 денари, на инвалидската 14,693 и на семејната 13,038 денари.
Најголем дел од пензионерите стекнале пензија врз основа на работното право и ниниот број изнесува 327,149. Корисници по воено право има 917 и по земјоделско право 97-мина.
Статистиката на ПИОМ за мај вели дека според корисниците на пензија по групи на исплати со 31.11 проценти најмногу има пензионери кои земаат пензија над 18.001 денар или во апсолутна бројка нивниот број е 102,081. Втората најбројна група на исплати со учество од 27.51 процент се исплатите до 11,500 денари, а бројот на пензионери со овие примања изнесува 90,260.
Според последните објавени податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за месец мај, во категоријата најниски пензии висината на месечните примања на пензионерите се движат од 10.276 до 13.172 денари. Вкупниот број на пензионери кои спаѓаат во категоријата со најниски пензии изнесува 81 785 или секој четврт пензионер во државава влегува во оваа категорија.
Бројката од 3,005 пензионери се најсиромашните помеѓу пензионерите со најниски примања. Најбројни корисници, пак на најниски пензии се оние што оствариле право на пензија по 2002 година, нивниот број е 67,444. Од нив, 44,235 земаат пензија малку над најмалата, односно 10.791 денар.
За разлика од пензионерите со најниски пензии кои се 25% од вкупниот број на пензионери во земјава, процентот на пензионери кои уживаат во најголемите пензии е само 0,4 отсто.
Бројот на пензионери во мај во однос на претходниот април месец се зголемил за 1,488 лица, пресметал Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со тоа, вкупниот број на пензионери во државата сега изнесува 328 133 лица. Во мај бројот на нови корисници на пензија изнесувал 1899. Истиот месец починале 765 пензионери.
извор: pari.com.mk